Veleposlaništvo RS Skopje /Novice /
02.10.2018  

Makedonski volivci, ki so se udeležili posvetovalnega referenduma, potrdili podporo vstopu v EU in NATO ter sporazum o vprašanju imena / Македонските гласачи кои учествуваа на консултативниот референдум ја потврдија поддршката за пристапување во ЕУ и НАТО

Izjavo za javnost v slovenskem jeziku lahko preberete na povezavo.

Љубљана, 1 октомври 2018 - Македонските гласачи кои учествуваа на вчерашниот референдум, според неофицијалните податоци на македонската Државна изборна комисија, 91,4 % ја потврдија поддршката за влез во ЕУ и НАТО, како и за неодамна склучениот договор со Грција, со кој се предвидува преименувањето на земјата во Република Северна Македонија.

Референдумот кој беше од консултативен карактер, според податоците, учествувале 36,8% односно повеќе од 660.000 гласачи. Исклучителното мнозинство на македонските граѓани кои го искористија нивното демократско право и учествуваа на референдумот, ја потврдија силната волја за трајно решение за прашањето за името, која со децении ги оптоварува односите меѓу соседните земји и го попречува македонскиот напредок кон евро-атланските интеграции. Очекуваме дека изразената волја ќе биде земена во предвид во понатамошниот процес на спроведување на договорот.

Покрај решението на долготрајниот спор со соседната земја, имплементацијата на договорот ќе придонесе кон реализација на евро-атлантската иднина на Македонија. Разговорите за пристапување за членство во НАТО се веќе во тек и по завршувањето на процедурите за ратификација, Македонија ќе стане 30-та полноправна членка.

Европската комисија во април оваа година даде јасна оценка на исполнетоста на условите и ја повтори својата препорака до земјите-членки на ЕУ да донесат одлука за започнување на македонските преговори. Словенија силно го поддржува овој предлог, бидејќи веруваме дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите. Очекуваме дека, согласно со заклучоците на Европскиот совет во јуни, конечната одлука за започнување на преговорите ќе биде усвоена во јуни следната година.

Словенија активно ја поддржува евро-атлантската иднина на Македонија, што е од големо значење за напредокот на земјата, но исто така и за напредокот и стабилноста на целиот регион на Западен Балкан.