Veleposlaništvo RS Skopje /Novice /
12.04.2017  

Vrh slovensko-makedonskega gospodarstva v Skopju

Skopje, 11., 12. april 2017

Danes se zaključuje dvodnevno srečanje strateškega vrha slovensko-makedonskega gospodarstva v Skopju, ki so se ga udeležili najvišji predstavniki slovenskih in makedonskih podjetij. Slovensko stran so zastopali najvišji predstavniki Skupine NLB, Zavarovalnic Triglav, Sava in Prva Group, RIKO, Iskra in predsednik Gospodarske zbornice Slovenije. Z makedonske strani so sodelovali najvišji predstavniki naslednjih podjetij: Makpetrol, Alkaloid, Vinarija Skovin, Feršped, Paskalin, Pivovarna Prilep, IGM Tade, Grey, Kapital in predsednik Gospodarske zbornice Makedonije.
Veleposlaništvo je s tem dogodkom želelo okrepiti gospodarsko sodelovanje med državama, občutno vplivati na povečanje blagovne menjave in investicij ter opozoriti na nove možnosti sodelovanja.
Udeležence je s pregledom makedonskega ekonomskega stanja nagovoril guverner Narodne Banke Makedonije mag. Dimitar Bogov. Poudaril je njihovo podporo tujim investicijam in zagotovil makroekonomsko stabilnost.
Te se kažejo predvsem na področju javne infrastrukture, prehrane in kmetijstva, komunale, energetike in okolja, kar je potrdila tudi državna sekretarka na makedonskem ministrstvu za okolje prof. dr. Sonja Lepitkova. Vse to so velike priložnosti za slovensko gospodarstvo in njegov nastop na makedonskem tržišču.
Udeleženci so bili mnenja, da je lahko cilj povečanje blagovne menjave v petih letih s sedanjih 300 mio. EUR na pol milijarde EUR. Strateški vrh se bo nadaljeval v jeseni, ko bodo na vrsti konkretni dogovori s projekti na prioritetnih področjih.

Kratek video z dogodka si lahko ogledate tukaj.

Скопје, 11-12 април 2017

Денес завршува дводневната средба на стратешкиот врв на Словенечко-македонското стопанство во Скопје, на кој присуствуваа високи претставници на словенечки и македонски компании. Словенечката страна беше претставена од страна на високи претставници на Групациите НЛБ, Осигурување Триглав, Сава и Прва Груп, Рико, Искра и претседателот на Стопанската комора на Словенија. Од македонската страна присуствуваа високи претставници на следниве компании: Макпетрол, Алкалоид, Винарија Сковин, Фершпед, Паскалин, Прилепска пиварница, ИГМ Трејд, Греј, Капитал и претседателот на Стопанската комора на Македонија.
Амбасадата со овој настан сака да ја зајакне стопанската соработка меѓу двете земји, значително да влијае на зголемувањето на трговската размена и инвестициите како и да се обрне внимание на новите можности за соработка.
На пристуните им се обрати гувернерот на Народна Банка на Македонијa маг. Димитар Богов и ги упати во македонската економска состојба. Тој ја истакна својата подршка за странски инвестиции и обезбедување на макроекономска стабилност.
Внимание пред се и беше дадено на областа на јавната инфраструктура, исхраната и земјоделството, комуналните услуги, енергетиката и животната средина, како што потврди и државниот секретар на македонското Министерство за животна средина проф. д-р Соња Лепиткова. Сите овие се големи можности за словенечкото стопанство и нивниот настап на македонскиот пазар.
Учесниците се согласија дека целта е зголемување на стоковната размена во наредните пет години од досегашните 300 милиони евра на пола милијарда евра. Стратешкиот врв повторно ќе се состанат во есен кога на ред ќе бидат конкретни договори со проекти на приоритетни области.

Кратко видео од настанот може да погледнете тука.

Капитал списание за Блу Чип состанокот.